“Можеби некоја техничка моја грешка”: Андоновски, на прашањето зошто Македонија сѐ уште нема роаминг со ЕУ како дома

роаминг

„Можеби некоја техничка моја грешка, но си дозволив да го продолжам рокот до втората половина на февруари – тогаш ќе бидеме готови“, одговори министерот за министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, на прашањето зошто Македонија сѐ уште нема роаминг со ЕУ како дома, во интервју за 360 степени.

Во интервјуто новинарот Васко Попетрески го потсетува министерот дека тој прво го најави роамингот со ЕУ како дома уште за септември, па потоа за декември минатата година, но тоа не се случи, а којзнае дали ќе се случи и оваа година.

Вели: Тоа зависи од политиката (?!?)

„И тогаш кога првпат ја споменав оваа замисла и идеја, беше дека ние мораме да си ги завршиме нашите домашни обврски и тие ќе ги завршиме до февруари. Останатото ќе биде лобирање и договор на ниво Македонија-ЕУ и Западен Балкан-ЕУ“, вели министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Украина и Молдавија веќе ги користат поволностите од „роаминг како дома“. Тоа значи дека нивните граѓани зборуваат на телефон, праќаат пораки и користат интернет во земјите од Европската Унија по цени како дома. Македонија не влезе во пакет со овие две земји, но со Албанија и Црна Гора очекува тоа да се случи во текот на 2026 година.

Кога веста за Украина и Молдавија беше потврдена од страна на Европската комисија, во однос на Македонија беше речено дека нашата земја не ги исполнила неопходните реформите кои ќе и овозможеа од 1 јануари да биде во режим на бесплатен роаминг со Европската Унија

Инаку, укинувањето на роамингот со ЕУ беше најавено одамна. Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, најави таква мерка за почетокот на 2026 година за време на состанокот со европската комесарка за проширување Марта Кос во август минатата година.

Зачлени се на нашиот е-билтен