Земјотрес на северот на Италија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го погоди утринава северот на Италија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Потресот е регистриран во 9:27 часот, со епицентар на околу осум километри од градот Равена, на длабочина од 22,9 километри. Освен во Италија, земјотресот бил почувствуван и во Словенија и Хрватска, особено во северните и крајбрежните делови.

Граѓани од погодените подрачја пријавиле краткотрајно, но јасно тресење. „Почувствував како креветот лесно се поместува“, навел корисник од Италија, додека жител од Госпиќ изјавил дека „кратко, но силно затресло“.

Според првичните информации, нема пријавена материјална штета ниту повредени лица. Надлежните служби ја следат состојбата, а засега нема најави за посилни последователни потреси.

Зачлени се на нашиот е-билтен