Двајца браќа од Тетовско измамени за 15.000 евра

На 12.01.2026 во 11:30 часот во СВР Тетово, 70-годишен маж од тетовско село пријавил дека тој и неговиот брат биле измамени за сума од 15.000 евра од Л.„Н” од Тетово. Според пријавеното,  во текот на 2024 година лицето му понудило нему и на неговиот брат дека може да им помогне да примаат пензија од странска држава бидејќи двајцата имале остварено работен стаж.

Како што е пријавено, тој во неколку наврати им ги барал парите како депозит,  за што и двајцата потпишувале бланко листови хартија, бланко полномошно и непополнети уплатници, со цел побрзо да остварат право на пензија.

После некое време, откако не била завршена работата, сфатиле дека биле измамени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен