Од утре во Скопје затворени: Филип Втори Македонски, Ѓорче Петров, Козле и патот кон Лисиче – камерите на „Безбеден град“ во акција!

Министерството за внатрешни работи известува дека од 20 до 31 јануари, во периодот од 08:00 до 20:00 часот, ќе се спроведува тестирање, калибрација и верификација на камерите за сообраќаен надзор од проектот „Безбеден град“.

За време на тестирањето, возилата нема да можат да поминуваат на локациите каде што се врши проверката, па граѓаните треба да сметаат на привремени затворања на улиците.

Локации каде ќе има ограничувања:

  • Центар на Скопје: ул. „Филип Втори Македонски“ (од бул. „Гоце Делчев“ до ул. „11 Октомври“)
  • Општина Ѓорче Петров: ул. „Ѓорче Петров“ и околните делници до црквата „Свети Петар и Павле“ и до „Свети Пантелејмон“, дел од ул. „Козле“ и ул. „Васил Чакаларов“ до Железнички мост на Вардар
  • Општина Аеродром: локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче

Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од полициските службеници и да покажат трпение и разбирање, за непречено спроведување на активностите и за поголема безбедност во градот.

Зачлени се на нашиот е-билтен