Годинава на празникот Богојавление – Водици, светиот крст во Скопје беше фатен од Дарко Митровиќ во водите на Вардар кај мостот „Слобода“. Во рамки на традиционалната манифестација во населбата Волково, светиот крст во реката Лепенец го фати Стефан Спирковски. Во Охрид, пак, Мартин Гоџо повторно успеа да го пронајде крстот во Охридското езеро, продолжувајќи ја традицијата од минатата година.



Скокањето по светиот крст и осветувањето на водите претставуваат вековна православна традиција која симболизира вера, духовно прочистување и заедништво.