Европска комисија: Ја следиме ситуацијата, правилата за престој во Шенген се јасни, имаат флексибилност

Здруженијата на транспортери од земјите од Западен Балкан (ЗБ) објавија дека од 26 јануари ќе ги блокираат товарните премини со земјите од Шенген зоната поради, како што велат, проблеми предизвикани од системот EES кој ги евидентира влезот и излезот на превозниците.

Портпаролот на Европската комисија денес, по повод најавениот протест на Здружението на превозници на земјите од Западен Балкан во врска со системот за влез и излез (ЕЕС) за 26 јануари, изјави дека Комисијата внимателно го следи прашањето и е во контакт со партнерите од Западен Балкан.

Тој на прес-конференцијата рече дека правилата за престој во Шенген зоната се јасни, дека постои одредена вградена флексибилност, односно дека лицата со локална дозвола, дозвола за локален граничен сообраќај, не се обврзани да се регистрираат во системот за влез и излез.

„Одлуката за тоа дали да се спроведуваат случајни гранични контроли или не е на земјите-членки на надворешните граници, а не на Комисијата“, рече тој.

Тој објасни дека системот ЕЕС не воведува никакви нови барања во врска со времетраењето на кратки престои во Шенген зоната и дека неговата цел е да обезбеди подобра примена на постојните правила и систематско откривање на неправилности.

„Според Шенгенските правила, граѓаните на земјите без виза имаат право да останат во Шенген зоната 90 дена во кој било период од 180 дена. Сè што е надвор од ова мора да биде покриено со долгорочна виза или дозвола за престој издадена од земја-членка. Шенгенските правила, исто така, предвидуваат флексибилност во однос на прекуграничните работници, а особено, работниците кои ја преминуваат границата на истиот граничен премин ќе бидат предмет само на случајни проверки“, рече тој.

Здруженијата на транспортери од земјите од Западен Балкан (ЗБ) објавија дека од 26 јануари ќе ги блокираат товарните премини со земјите од Шенген зоната поради, како што велат, проблеми предизвикани од системот EES кој ги евидентира влезот и излезот на превозниците.

Претставниците на транспортните здруженија на Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора и Македонија ги поддржаа во писмо, посочувајќи на прес-конференција во Белград дека причината за ова се несоодветните реакции на Европската комисија и земјите од Шенген зоната во врска со третманот на професионалните возачи и ограничувањето на нивниот престој на Шенген територијата за време на секојдневните работни активности.

Зачлени се на нашиот е-билтен