Студентите на Универзитетот во Нови Сад започнуваат бојкот на наставата

Студентите на Универзитетот во Нови Сад денес на пленум одлучија да започнат бојкот на наставата на сите факултети во градот.

Пленумот беше одржан по вчерашниот инцидент со полицијата, кога повеќе стотици полицајци во опрема за разбијание протести, користејќи сила, ги изнесоа студентите и вработените од Филозофскиот факултет кои ја блокираа зградата на високото училиште.

Од утрово на Филозофскиот факултет владее мирна атмосфера, а мал број полициски сили се наоѓаат надвор од зградата на факултетот.

Зачлени се на нашиот е-билтен