Судијата Ѓоко Ристов останува во куќен притвор

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ја одби жалбата на судијата Ѓоко Ристов и го потврди решението со кое му е определена мерка куќен притвор.

Одлуката следи по обемната истрага која ја потресе јавноста, во која во семеен имот на Ристов во Неготино беа пронајдени 350.000 евра во готовина, скриени во ѕид.

Советот одлучувал по жалбата поднесена од одбраната на судијата, со која се барало укинување на куќниот притвор, но судот заклучил дека нема основ за промена на мерката.

Судијата Ристов се најде во центарот на вниманието на јавноста по полициската акција во која беше откриена рекордна сума кеш, соѕидана во објект во негова сопственост, што предизвика бројни реакции и во јавноста и во правосудните кругови.

Зачлени се на нашиот е-билтен