Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека се надева дека претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе биде номиниран за Нобелова награда за мир, поради неговите напори да придонесе за завшување на војната во Украина.
„Се надевам дека ќе можеме да му ја доделиме наградата. Верувам дека Доналд Трамп може да направи разлика во постигнувањето праведен и траен мир за Украина, а тогаш ќе можеме официјално да го номинираме за Нобелова награда за мир“, рече Мелони на прес-конференција во Рим, по средбата со германскиот канцелар Фридрих Меркел.
Таа додаде дека односите со САД остануваат приоритет за Италија, особено поради американските воени бази на нивна територија и стратешкото партнерство со Германија. „Важно е да се задржи прагматичен пристап кон САД, а не инстинктивен“, подвлече Мелони.
Трамп веќе подолг период јавно ја покажува желбата да стане добитник на Нобелова награда за мир. Минатогодишната добитничка, венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо, неодамна му ја додели златната медала на Трамп во Белата куќа. Сепак, официјално признанието останува кај Мачадо, бидејќи Норвешкиот Нобелов институт соопшти дека наградата не може да се пренесува, дели или повлекува.