Режисерот на регионалниот хит “Свадба”: Политичката коректност ја гуши комедијата, но љубовта победува

Режисерот Игор Шереги, кој стои зад големиот регионален хит „Свадба“, открива дека замките на политичката коректност често ја гушат комедијата, но првиот филм успеал да ја врати публиката во кината низ регионот. Со „Свадба 2“ веќе се подготвува продолжението, кое ќе се снима делумно во Босна и Херцеговина.

Во Македонија филмот ќе започне да се прикажува на 05 февруари во киното „Синеплекс“.

Филмот „Свадба“ го следи заплетот кога син на српски министер за надворешни работи решава да се ожени со ќерка на хрватски бизнисмен на работ на банкрот. Тука започнува деконструкцијата на соседските односи, со сите културни и семејни сличности на Балканот. И покрај тензиите и поделбите, љубовта на младите луѓе, неповрзани со верата или националноста, на крајот победува.

Во филмот настапуваат бројни регионални ѕвезди, меѓу кои Рене Биторајц, Драган Бјелогрлиќ, Линда Бегонја, Веспна Тривалиќ, како и легенди како Сека Саблиќ и Срѓан Жика Тодоровиќ. Ансамблот содржи 12 карактеристични ликови, секој јасно дефиниран, кои веднаш го привлекуваат вниманието на публиката.

Шереги објаснува дека при создавањето на филмот целта била да се врати што поголема публика во кината, особено во Хрватска и Босна, а Србија традиционално добро реагирала на нивните хитови. „Кога комедијата е добра, таа најмногу ги зближува луѓето“, вели режисерот, додавајќи дека тестирале филмот со публика која не била од филмската индустрија за да ги следат вистинските реакции.

Според Шереги, „Свадба 2“ веќе ја завршила првата развојна фаза и се очекува дел од снимањето да се одвива во Босна и Херцеговина. Филмот ќе продолжи да ја пренесува пораката дека љубовта и хуманоста можат да ги надминат сите поделби, а новата генерација ја носи надежта за сплотување на Балканот.

Зачлени се на нашиот е-билтен