„Јас не го оспорив правото (на работниците да бараат поголема плата). И јас сакам поголема плата. Синдикатот ги манипулира работниците…“.
Ова меѓу другото го рече премиерот Христијан Мицкоски во Клик плус на ТВ 21, откако беше прашан дали има дилеме дека работниците излегуваат на протести за поголеми плати, кои во овој момент се најниски во регионот.
Премиерот посочи дека нема ништо против зголемување на платите, но оцени дека целта на синдикатите не е подобрување на стандардот на работниците, туку политичка пресметка.
„Ги видов барањата и тие не се ништо ново. Апсолутно сум за повисоки примања – секој треба да добие поголема плата и тука нема дилема. Но, мора да се каже вистината: неколкумина од раководството на овој синдикат се заробени од политички амбиции и одредени политички фигури. Сето она што го прават има таква цел. Не станува збор за хуман мотив и искрена борба за повисоки плати, туку за нешто сосема спротивно“, изјави Мицкоски.
На прашањето дали смета дека протестот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) има политичка позадина, премиерот одговори потврдно.
„Апсолутно. Зарем некој треба да има дилема кога протест најавен пред неколку недели се одржува само неколку дена по Конгресот на една политичка партија? Мислам дека тука нема простор за сомнеж“, рече тој.
Мицкоски или не е информиран или намерни ги крие фактите. ССМ уште есента минатата година го најавуваше протестот додекас се чекаше одлука на Економско-социјалниот совет да биде постигнат договор за зголемување на платите за најмалку 100 евра, односно 600 денари.
Во интервју за Рацин.мк во декември, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов рече „ако Владата нема слух за работниците, ќе ја отвориме сезоната на штрајкови“.
„Ова значи дека на дваесет и втори декември оваа сезона има седница на Економско-социјалниот совет од која ќе зависат многу следни активности. Зборувам од аспект на Сузот на синдикатите на Македонија и за тоа што работниците го очекуваат од ССМ. Анкетата ни покажа дека членовите на органите и телата, работниците кои одговорија, очекуваат од нас во најголем процент, односно 88 проценти од нив, доколку не се зголемуваат платите, повторно да го правиме тоа што го правевме изминатава година, претходната година, пред таа година и така и така натака.
И многу е веројатно доколку, доколку бидеме игнорирани како работници и доколку работниците бидат изоставени од страна на креаторите на политиките во овој социјален дијалог, следниот чекор да биде токму тоа во насока на изразување на работничкото незадоволство“, рече за Рацин.мк Трендафилов.