Франција и Данска повикуваат на повторно будење на европската моќ

Денес, Макрон ја потврди солидарноста и посветеноста на Франција кон територијалниот интегритет на Данска, повторувајќи дека „Гренланд не е ниту на продажба, ниту може да се земе“.

Франција и Данска денес повикаа на повторно будење на европската моќ во светлината на неодамнешните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп (Трамп) за Гренланд, објавија француските медиуми.

„Тоа будење треба да се фокусира на потврдување на нашиот европски суверенитет, на придонес кон безбедноста на Арктикот, на борбата против странското мешање и дезинформациите, како и на борбата против климатските промени“, изјави денес францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој ги прими премиерката на Данска, Мете Фредериксен, и премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, во Елисејската палата.

Данскиот премиер ја повика Европа да „направи повеќе од она што јавно се зборува во моментов“ за вооружување, со оглед на тоа што огромните воени дефицити на Европа структурно го ослабуваат континентот во неговите дипломатски односи со Вашингтон.

„Најважно е да се вооружиме, не до 2035 година, како што одлучи НАТО… Жал ми е што морам да кажам дека тоа би било предоцна“, додаде таа, осврнувајќи се на целта поставена од европските земји-членки на НАТО дотогаш да ги зголемат своите трошоци за одбрана и безбедност на пет проценти од нивниот бруто домашен производ (БДП).

Денес, Макрон ја потврди солидарноста и посветеноста на Франција кон територијалниот интегритет на Данска, повторувајќи дека „Гренланд не е ниту на продажба, ниту може да се земе“.

Мете Фредериксен и премиерката на Гренланд, автономните покраини на Данска ги посетуваат европските земји за да добијат поддршка во справувањето со американските амбиции во врска со Гренланд.

Во вторник, германскиот канцелар Фридрих Мерц ја прими Мете Фредериксен во Берлин и ја увери во германската „солидарност“.

Зачлени се на нашиот е-билтен