Познати се двојките од плеjофот на Лигата на шампиони

Во Нион денеска беа извлечени двојките во за плејофот во фудбалската Лига на шампиони.

Најдобрите осум пласирани по лигашкиот дел а тоа се: Арсенал, Баерн, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челси, Спортинг и Манчестер сити, ќе ги чекаат своите противници од плејоф мечевите.

А таму ќе има еден француски дуел меѓу екипите на Монако и ПСЖ, „реванш“ дуел меѓу Реал Мадрид и Бенфика, додека изненадувањето на овогодинешното издадние Бодо од Норвешка ќе игра против италијанскиот великан Интер.

Првите натпревари од плејофот за осминафиналето ќе се играат на 17 и 18, а реванш мечевите на 24 и 25 февруари.

Во продолжение еве ги сите плејоф, двојки

Монако – ПСЖ
Бенфика – Реал Мадрид
Карабах – Њукасл
Бодо/Глимт – Интер

Галатасарај – Јувентус
Борусија Дортмунд – Аталанта
Клуб Бриж – Атлетико Мадрид
Олимпијакос – Баер Леверкузен

Финалето на Лигата на шампионите ќе се игра на 30 мај во Будимпешта, Унгарија.

Зачлени се на нашиот е-билтен