Стружанец со 2,25 промили удри во паркиран автомобил во Струга

Полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода И.М. (36), откако со патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки удрил во паркиран „мерцедес“ на улицата „Пролетерски бригади“. Инцидентот се случил на 28 јануари 2026 година околу 18:20 часот, информира полицијата.

Според информациите, паркираното возило било во сопственост на Б.М. (23) од селото Франгово, а по преземените мерки било констатирано дека возачот имал 2,25 промили алкохол во крвта, по што бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, а за случајот информирал и портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен