Имаме чувство дека нема да стигне одговор за сликите со криминалци. Денови поминуваат, а јавноста сè уште не доби одговор: какви се релациите на Мицкоски и ВРМО со криминалци поврзани со случаи со дрога, оружје и поголеми количини пари?
Ова се констатациите и прашањата на СДСМ во денешното соопштение кое се однесува на молкот на власта и на ВМРО-ДПМНЕ за објавените фотографии на премиерот Мицкоски со со криминалецот С.З., познат како Симе, уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари.
Во соопштението уште се вели:
Прво ВМРО се бранеше дека е „само една фотофрафија“. Па излезе и втора.
Дали ВМРО знае дека има и трета фотографија од Мицкоски со криминалецот Симе, па затоа молчи сега?
Не е случајно, дајте им одговор на граѓаните.
Сепак, имаме чувство дека нема да стигне одговор за сликите на Мицкоски со криминалци.