Владата на Христијан Мицкоски нуди нов модел за етапен раст на платите во администрацијата за 40 отсто до 2028 година. Додека синдикатите УПОЗ и КСС велат се приближуваат до договор, Сојузот на синдикати на Македонија најавува блокади, обвинувајќи за политички притисоци и недоволно зголемување на минималните примања.
Ова е контекстот во кој денеска се очекува средбата (16:45) меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претставниците на синдикатите УПОЗ и КСС, кои главно ги застапуваат интересите на вработените во администрацијата и јавните установи.
Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, промовира специфичен модел за пресметка на платите на вработените во јавната администрација, кој се разликува од досегашното линеарно следење на минималната плата. Предложената формула е дизајнирана да обезбеди кумулативен раст од околу 40 отсто во период од три до четири години. Овој пристап има за цел да воспостави предвидливост во буџетското планирање и да ги елиминира разликите во исплатите кај различни органи. Клучните параметри на овој модел вклучува годишно додавање на фиксен износ од 1.500 денари на основната плата во текот на три последователни години и пресметување на дополнително зголемување од 8 отсто на вкупниот збир секоја година.
Кога целосна ќе биде имплементиран ово модел, Владата вели дека до март 2028 година платата што денеска 35.000 денари би достигнала ниво од околу 50.000 денари.
Наспроти пристапот на УПОЗ, односите помеѓу Владата и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) се наоѓаат во фаза на остра конфронтација. Христијан Мицкоски јавно го обвини раководството на ССМ за дејствување под влијание на опозициската СДСМ, тврдејќи дека нивните барања се политички мотивирани. Од друга страна, ССМ останува на барањето за итно зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарен раст од 100 евра за сите останати работници.
Поради незадоволството од владината методологија, ССМ најави почеток на блокади и протести од следниот вторник. Оваа ситуација укажува на длабока поларизација во работничкото движење, каде едни организации избираат етапен раст преку дијалог, додека други се одлучуваат за радикализација на барањата.