Тотенхем го отпушти тренерот Томас Франк

По поразот од Њукасл со 1-2 на домашен терен, фудбалскиот клуб Тотенхем го отпушти тренерот Томас Франк.

Клубот од Лондон имаше амбиции да атакува на пласман во Лигата на шампионите, но во моментов „Спарси“ се наоѓаат на разочарувачкото 16-то место на табелата со минимални шанси да изборат место во европските натпреварувања.

Ниту успехот во Лигата на шампионите и директниот пласман во осминафиналето не беше доволен Франк да ја задржи функцијата. Данскиот стратег го презеде Тотенхем во јуни 2025 година, кога го наследи Енџи Постекоглу.

Според британските медиуми, најсериозен кандидат за нов менаџер на Тотенхем е Роберто де Зерби

Зачлени се на нашиот е-билтен