Кривичниот суд Скопје соопшти дека е одобрен обвинителниот акти за предметот во врска со ИПАРД програмата.
Советот за оценка на обвинителен акт, при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи во оцена на два обвинителни акт поднесени од Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по одржани седници и ценејќи ги фактите и доказите во двете обвиненија донесе решение со кое:
Обвинителниот акт со КОК – ооа 5/26 , против 5 физички лица за различни кривични дела и тоа Давање поткуп, Давање награда за противзаконито влијание, Примање награда за противзаконито влијание и Примање поткуп, во чиј склоп е и обвинителен предлог против 4 други физички и 1 правно лице, а поврзани со користење средства преку ИПАРД програмата.
Врз основа на веќе одобрениот обвинителен акт, формирано е кривично правен предмет КОК бр. 16/26 поврзан со ИПАРД програмата, кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај надлежни судии, а откако ќе биде насрочена главна расправата терминот ќе биде достапен преку Календарот за судење на веб страната на судот.