Земјотрес со јачина од 4,5 степени во западна Грција, тресеше и во Македонија

Земјотрес

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди западна Грција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри и на растојание од 157 километри од градот Лариса.

Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот бил почувствуван силно, но не траел долго.

Исто така, очевидци наведуваат дека земјотресот бил почувствуван во Охрид и Тирана.

Зачлени се на нашиот е-билтен