Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е нереално Ормускиот Теснец да се отвора со воена операција, откако американскиот претседател Доналд Трамп побара од сојузниците да преземат улога во повторното воспоставување пловидба низ клучниот морски теснец. Макрон тоа го кажа за време на посетата на Јужна Кореја, нагласувајќи дека Франција не поддржува такво решение.
Тој рече дека таква акција би траела предолго и би ги изложила бродовите и екипажите на ризици од Иранската револуционерна гарда и од балистички ракети. Според Макрон, теснецот треба да биде повторно отворен, но тоа, како што кажа, може да се направи само преку разговори и координација со Иран.
Осврнувајќи се на американските критики, Макрон изјави дека не сака да дава тековен коментар за операција што САД ја донеле заедно со Израел и додаде дека Франција не е дел од таа операција. Во истиот настап порача и дека „ова не е претстава“, туку прашање на војна и мир, по што додаде дека треба да се биде сериозен и да не се зборува едно еден ден, а спротивното веќе следниот.
Паралелно со ова, околу 40 држави во четвртокот разговараа за можни заеднички чекори за повторно отворање на Хормуз, но без конкретен договор. Разговорите, според достапните информации, биле насочени кон дипломатски и економски опции, а следната недела е најавена средба на воени планери за можни чекори по прекин на непријателствата.