Инвеститор на зградата каде утрово се случи несреќа и загина млад работник е поранешниот градоначалник на општина Аеродром, Ивица Конески.
„Трагедија е ова што се случи. Фирмата „Јакимовски“ е со долгогодишно искуство, сите постапки се запазени, и добиени се сите одобренија за градба. Најверојатно земјиштето се излизгало ненадејно по што дошло до несреќата, изјавил Коневски за дел од медиумите.
Инаку, утрово нешто по осум часот на 112 било пријавено дека работници бил затрупани при ископ на темели за нова зграда.
По интервенцијата на Брзата помош и пожарникарите, едно лице загинало на местото на настанот, додека тројца други работници се примени на Ургентниот центар во Скопје.