Македонката Милена ѕверски убиена во Пјаченца, Италија

Милена

Милена Витанова (55), по потекло од Северна Македонија, беше убиена вчера во нејзиниот стан во италијанскиот град Пјаченца.

Главен осомничен е нејзиниот сопруг Хако, за кого се сомнева дека ѝ нанел неколку смртоносни удари со остар предмет, а потоа се обидел да си го одземе животот на гробот на нивниот покоен син.

Според италијанските медиуми, Хако самиот се јавил во полиција околу 15:30 часот, признал дека ја убил сопругата и избегал од местото на настанот.

Кога полицијата пристигнала во станот, затекнала ужасна глетка: Милена лежела во локва крв до софата, додека во близина имало нож за кој се претпоставува дека бил употребен во нападот.

Досегашната истрага покажала дека жртвата имала бројни убодни рани, како и тешки повреди на главата.

Осомничениот бил пронајден неколку часа подоцна на гробиштата, до споменикот на нивниот син Методиј, кој трагично почина пред шест години.

Според извештаите, Хако се обидел да си ги пресече вените таму, но бил спречен во тоа со брзата интервенција на полицијата. Откако му била укажана прва помош, бил однесен во болница под полициски надзор.

Патем, ова семејство веќе доживеало сериозна трагедија. Нивниот син Методиј загинал во страшна сообраќајна несреќа заедно со неговата братучетка Марија, кога автомобилот што го возеле се удрил во дрво и се запалил.

Во времето на ова ново злосторство, другите деца од семејството не биле присутни во станот и биле безбедно згрижени.

Зачлени се на нашиот е-билтен