Лапе: Доказите укажуваат на прв сериски убиец во Македонија

сериски

Основното јавно обвинителство во Куманово денес објави дека со проширувањето на истрагата 25-годишнио маж од село Малотино за дури четири убиства и два обиди за убиства.

Обвинителот Љубомир Лапе изјави дека истрагата против 25-годишниот Т.Б. од село Малотино, општина Старо Нагоричане, покрај првичните две убиства, открила уште две убиства и два обиди за убиства.

Тој истакна дека, според досегашните сознанија, ова е прв случај во Северна Македонија во кој доказите укажуваат на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи, како што рече, злосторствата биле насочени кон жени.

„Колку што знам, ова е прв случај во кој доказите укажуваат на сериски убиец кој извршил и кривично дело фемицид, односно насилство врз основа на пол“, истакна Лапе.

Според обвинителството, мотивот за убиствата бил омраза кон жените, а тој ги извршил делата подмолно, од ниски мотиви и личен интерес.

Лапе изрази очекување дека по неговото завршување, во реално краток временски период, ќе биде поднесено обвинение против осомничениот.

„Една од нападнатите жени не го видела сторителот, а другата го видела и го препознала“, рече Лапе.

Според истрагата, убиствата се извршени на 5 јануари 2025 година и 12 февруари 2026 година, а обидите за убиства на 21 јуни и 9 февруари 2025 година.

Најчитано