Осумнаесетгодишник убиен во шума во Сарај, приведен е осомничен од Бојане

Полицијата приведе 19-годишник од скопското село Бојане, осомничен дека убил 18-годишно момче од истото село. Според МВР, убиството се случило на 15 мај во шума во околината на Сарај.

Случајот бил пријавен на 17 мај, околу 00:50 часот, откако таткото на осомничениот се јавил на телефонскиот број 192 и пријавил дека неговиот син му признал дека со пиштол го усмртил момчето.

Од МВР соопштија дека се пронајдени телото на жртвата и пиштолот со кој, според првичните информации, било извршено убиството. По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава за убиство.

Најчитано