Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на обиколницата кај Радишани

несреќа
Фото: ТВ Алсат

Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница кај Радишани, откако камион со косовски регистарски таблички преминал во спротивната лента и удрил во автомобил „БМВ“. Возилото се запалило, а сообраќајот на овој патен правец беше во прекин шест часа додека траеше увидот на надлежните служби.

Несреќата се случила околу 23:30 часот, на скопската обиколница во близина на клучката Радишани – Мирковци

Според првичните сознанија, товарно возило со косовски регистарски таблички директно се судрило со патнички автомобил марка „БМВ“.

Од силината на ударот, автомобилот веднаш се запалил, што го оневозможило излегувањето на патниците. Сообраќајот на патниот правец Велес – Тетово беше пренасочен од клучката Мирковци до клучката Приштина во времетраење од шест часа, сè до неговата нормализација во 05:30 часот на 22 мај 2026 година.

На местото на настанот интервенираа екипи на Министерството за внатрешни работи (МВР), Противпожарната служба и Итната медицинска помош. Надлежен Јавен обвинител изврши увид, при што се прибираат докази, вклучително и траги од сопирање и снимки од системот „Безбеден град“. Поради целосното изгорување на возилото, идентификацијата на жртвите е отежната и бара дополнителни форензички процедури.

Најчитано