Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ги отфрли толкувањата дека неговите пораки за европските интеграции и реформите значат подготвеност за широка влада или коалиција со власта.
Во објава на социјалните мрежи, Филипче наведе дека станува збор за поддршка за европскиот пат и реформската агенда, а не за разговори за влез во владина коалиција. „Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција?“, напиша тој, реагирајќи на политичките толкувања што следеа по неговите изјави.
Филипче порача дека СДСМ не преговара за функции и позиции, туку зборува за иднината на Македонија во Европската Унија. Според него, приоритет треба да бидат реформите, продолжувањето на европските интеграции и уставните измени, вклучително и внесувањето на малцинствата во Уставот.
