Украина создава историја додека и ти го читаш ова

УНХЦР

Стана жив симбол на слободата, на отпорноста и на храброста на еден народ кој одби да се покори пред брутален агресор кој грабна 20.000 украински деца од нивните домови, и секојдневно краде и уништува домови и семејства, силува, измачува и убива цивили. И сето тоа во тридневна „специјална воена операција“ која почна пред четири и пол години и во која не успеа да напредува повеќе од 60 километри. И сè уште трае.

Пишува: Џабир ДЕРАЛА

Кога мислам на Украина, пред сè мислам на херојството на обичниот, секојдневниот човек, Украинец или Украинка. На луѓето што ја бранат својата земјата, своето право на постоење и самоопределба, но и на оние што продолжуваат да работат, да создаваат, да ги учат своите деца, да ги обновуваат своите домови и да ја градат иднината. Среде војна. На тоа невидено херојство, стоицизам и посветеност посведочив и самиот, кога бев таму.

Секој ден, одново и одново сум восхитен и трогнат од Украина.

И знам.

Украина не се бори само за сопствената слобода и независност, за неприкосновеното право да постои и самата да го избира патот. Украина не ја брани само својата иднина. Таа ја брани и ја гради иднината на Европа.

Украина денес слави 35 години независност. Тоа не е само ден за одбележување на независност на една земја. Овој ден е и ден на секој што сака да ја види Европа слободна и демократска.

З Днем Незалежності України!

Слава Україні!

Героям слава!

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?