Тереза Кесовија хоспитализирана во болница

Познатата хрватска пејачка Тереза Кесовија поради здравствени порблеми е примена во болница.

Таа требаше да настапи на 3-ти и 4-ти октомври, но концертите беа одложени поради нејзината здравствена состојба.

Како што пишува „Слободна Далмација“ , животот на Кесовија не е во опасност, но лекарите процениле дека таа мора да остане во болница додека не се стабилизира нејзината состојба.

„Нејзиниот живот не е во опасност, но треба да се стабилизира. Таа не заврши во болница од претпазливост бидејќи имаше срцеви проблеми, па затоа беше задржана во стабилизација. Да не се појавеше срцевиот проблем, Тереза ​​немаше да заврши во болница“, изјавил извор близок до пејачката за „Слободна Далмација“.

Веста за одложувањето на концертите претходно беше објавена на официјалната веб-страница на Концертната сала „Ватрослав Лисински“, со образложение дека претставите се одложени од здравствени причини.

„Драга публико, поради здравствени причини, концертите на Тереза ​​Кесовија најавени за 3 и 4 октомври 2026 година се одложуваат. Информациите за новите датуми ќе бидат објавени подоцна“, се наведува во соопштението.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?