Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Белорусија: Катастрофална состојба со човековите права, закани за децата, чистка на „дисидентите“

Основното и средното образование се исто така предмет на „идеолошка контрола“, при што децата се „обесхрабрени да го искажуваат сопственото мислење“ и подложени на „закани и последици“ поради спротивставените ставови.

Ситуацијата со човековите права во Белорусија и понатаму е страшна и се влошува, изјави во синоќа специјалниот известувач на ОН за земјата.

Анаис Марин го предупреди Советот за човекови права на ОН дека режимот на белорускиот лидер Александар Лукашенко намерно го чисти граѓанското општество од последните неистомисленици.

„Ситуацијата останува катастрофална“, нагласи таа. „За жал, постојано се влошува.

Марин, која е на функцијата пет години, го потсети Советот дека пред две години го предупредила за „тоталитарниот пресврт“ што го направи Минск, доказ за „непочитувањето на човечкиот живот и достоинство“ за време на задушувањето на мирните демонстранти по наместени претседателски избори во 2020 година.

Според Марин, „недостатокот на одговорност за кршењето на човековите права поттикнува клима на страв меѓу жртвите и нивните семејства“.

Во својата изјава, Марин извести дека повеќе од 1.500 луѓе сè уште се притворени поради политички причини, со дневен просек од 17 самоволни апсења од 2020 година.

„Имам добра причина да верувам дека условите на притвор се намерно поостри за осудените на политичка основа, со сместување во дисциплински ќелии за мали прекршувања на затворските правила“, рече таа.

Бранителите на човековите права се соочуваат со постојан прогон, додаде таа, а повеќе од 1.600 „непожелни организации се насилно распуштени, вклучително и сите преостанати независни синдикати“.

„Ова ја илустрира намерната политика на државата да го исчисти граѓанскиот простор од нејзините последни дисидентски елементи“, продолжи таа.

Марин, исто така, тврдеше дека независните медиуми биле означени како „екстремистички организации“, додека академската слобода била „систематски нападната“.

„Идеолошката контрола и дисциплинските мерки ја ограничуваат слободата на мислење и изразување“, осуди таа.

Основното и средното образование се исто така предмет на „идеолошка контрола“, при што децата се „обесхрабрени да го искажуваат сопственото мислење“ и подложени на „закани и последици“ поради спротивставените ставови.

На Белорусија веднаш и беше понуден збор во Советот за човекови права да одговори, но немаше претставник.

Подготви: А. В. / Нова ТВ

Зачлени се на нашиот е-билтен