Украина ја нападна најголемата руска рафинерија

По бруталниот руски напад врз Краматорск, во кој беа убиени најмалку 33 лица , во рускиот град Омск беше нападната голема рафинерија за нафта. Локалното население пријави две експлозии и чад над фабриката, а информацијата за нападот ја потврди и гувернерот на регионот Омск. Рафинеријата во Омск се наоѓа на повеќе од 2.500 километри од Украина.

Очевидци изјавија дека за време на нападот се слушнале најмалку две експлозии. „Рафинеријата во Омск е нападната. Чад излегува од оџаците. Се слушнале две експлозии“, рекоа мештаните.

Гувернерот на Омската област, Виталиј Хоценко, објави дека руската воздушна одбрана реагира поради нападите со беспилотни летала. Тој додаде дека службите за итни случаи во регионот се во состојба на зголемена готовност.

Рано предупредување и запирање на сообраќајот

Нападот се случи откако беше прогласена закана од беспилотни летала во регионот Омск, што доведе до привремени ограничувања на полетувањата и слетувањата на аеродромот Омск.

Рафинеријата во Омск е најголемата во Русија. Објектот веќе беше цел на украински напад со беспилотни летала во јули оваа година , по што работата беше целосно прекината.

Напади и врз други објекти

Според првичните извештаи, украинските одбранбени сили нападнале уште два индустриски објекти во Русија во четвртокот навечер, 8 октомври. Станува збор за рафинерискиот комплекс „Газпром Нефтехим Салават“ во Башкортостан и фабриката „Саста“ во регионот Рјазан. Пожари избувнале во двата објекти.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?