Шок во Шангај, Ѓоковиќ испадна уште на стартот

Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Мастерсот во Шангај уште во првиот меч, откако Хуберт Хуркач го совлада со 6-4, 6-3 за нешто помалку од час и половина.

Полјакот одигра речиси беспрекорен меч на свој сервис и не му дозволи на 39-годишниот Ѓоковиќ да го преземе ритамот. Хуркач сервираше 13 аса, освои 82 отсто од поените на првиот сервис и ги спаси двете брејк-топки со кои се соочи.

Разликата беше уште поизразена кај директните поени – Хуркач заврши со 32 винери, додека Ѓоковиќ имаше само 11. Полјакот направи по еден брејк во двата сета и без поголема драма ја затвори победата.

За Хуркач ова е прв триумф против Ѓоковиќ во нивните девет меѓусебни дуели.

Поразот доаѓа само три дена откако Ѓоковиќ ја освои титулата во Пекинг, каде ја продолжи совршената серија и стигна до седмиот трофеј во кинеската престолнина.

Шангај, сепак, овојпат заврши експресно за четирикратниот шампион.

Хуркач во следното коло ќе игра против победникот од мечот меѓу домашниот тенисер Ји Жоу и Лоренцо Мусети.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?