Украдени 30.000 шишиња премиум вино во Тоскана

вина

30.000 шишиња премиум вино во вредност од околу пет милиони евра беа украдени од најголемата семејна винарија во Италија, „Марчези Антинори“, објави компанијата.

„Антинори“, чие производство датира од 1385 година, а денес се извезува во 170 земји, ги предупреди купувачите да бидат претпазливи со понудите надвор од официјалните продажни канали по грабежот што се случи минатиот викенд. Производителот сè уште се надева на враќање на украденото вино, објавува „Ројтерс“.

Што недостасува во магацинот?

Компанијата соопшти дека крадците украле помеѓу осум и десет илјади шишиња „Солаја“, една од најбараните италијански етикети, како и вина „Тињанело“ и „Гвадо ал Тасо“

Овие вина се продаваат на мало за 150 евра и повеќе, но некои од најретките вина можат да достигнат цена од неколку илјади евра по шише.

Серија грабежи на италијански винарии

Ова е најновиот во низата грабежи на италијански винарии, откако крадци ја опустошија познатата винарија Банфи во Монталчино во јули.

Претходно, ваквите кражби вклучуваа помали количини, т.е. неколку украдени шишиња од ресторани, подруми или една од локациите за дистрибуција, но поновите случаи се однесуваат на големи грабежи од залихи лоцирани во самите винарии.

Професионална акција од маскирани крадци

„Антинори“, со седиште во Фиренца, има снимки од безбедносните камери на кои се гледаат седум маскирани мажи како влегуваат во магацин во Кортона минатиот викенд, ги исклучуваат алармните системи, а потоа товарат илјадници гајби тоскански црвени вина во два камиона, објави Ројтерс.

Антинори рече дека времето и професионализмот на кражбата, откриени во понеделник наутро кога персоналот пристигнал во магацинот, укажуваат дека била вмешана високо организирана група.

Грабежот бил дополнително олеснет од фактот дека вината во тој момент се подготвувале за испорака.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?