Намаленото ДДВ за дизелот ќе важи до 20 октомври

Србија

Владата на Македонија ја продолжи мерката за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за дизелот од 18 отсто на 10 отсто до 20 октомври 2026 година. 

Информацијата на својот Фејсбук профил ја соопшти министерката за финансии, Гордана Димитриевска Кочовска.

„Продолжуваме со мерките за заштита на стандардот на граѓаните и стабилноста на домашната економија. Владата ја продолжува мерката за намалување на ДДВ за дизелот од 18 отсто  на 10 отсто, до 20 октомври 2026 година. Со оваа мерка влијаеме врз малопродажните цени на горивата и ги ублажуваме надворешните ценовни притисоци, со цел да го намалиме финансискиот товар врз граѓаните и стопанството – напиша Димитриеска-Кочоска.

Додава дека надлежните институции остануваат фокусирани на движењата на глобалните берзи.

„Продолжуваме внимателно да ги следиме состојбите на меѓународните пазари и навремено да реагираме со мерки што придонесуваат за заштита на животниот стандард и економската стабилност – истакна министерката за финансии Димитриеска-Кочоска во објавата.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?