Ураган од четврта категорија се движи кон брегот на Мексико

Сателитска снимка на ураганот Ерин на Националниот центар за урагани на САД
Сателитска снимка на ураганот Ерин на Националниот центар за урагани на САД

Моќниот ураган „Симон“ од четврта категорија се движи кон мексиканскиот брег со голема брзина.

Националниот центар за урагани во Мајами утрово објави дека брзината на ветерот достигнала 225 километри на час.

Симон би можел да донесе помеѓу 25 и 50 сантиметри дожд во делови од југозападно Мексико, а на некои места и до 76 сантиметри, се вели во соопштението на центарот.

Жителите се повикуваат да се подготват.

Метеоролозите предупредија на поплави и свлечишта што претставуваат опасност по животот.

Државата Халиско објави дека нема да има настава за понеделник и започна евакуација на десетици луѓе од загрозените подрачја.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?