Најмалку девет лица, меѓу кои и неколку деца, беа убиени во масовно пукање во градот Ери, во американската држава Пенсилванија, соопштија властите во саботата.
Вооружениот напаѓач отворил оган внатре и надвор од куќа, а потоа починал од самонанесена прострелна рана, објави ABC News, повикувајќи се на официјални лица.
Шефот на полицијата Рик Лора го опиша местото на пукањето како една од најтешките сцени со кои полицајците и истражителите некогаш се соочиле.
„Губењето на човечки животи е катастрофално, а околностите што ги истражуваме се длабоко вознемирувачки“, рече Лора.
Властите сè уште не ги објавија идентитетите на жртвите или на осомничениот напаѓач, вели Анадолија .
Мотивот за пукањето сè уште не е познат, а истражителите работат на утврдување на околностите што претходеле на нападот.
