Скопјанец уапсен со мигранти во автомобил кај Богородица, приведен и малолетник

Полицијата уапси 39-годишен скопјанец откако во автомобилот што го управувал кај селото Богородица, гевгелиско, пронајде седум мигранти. Во врска со случајот подоцна беше уапсен и 17-годишен државјанин на Египет со привремен престој во Грција, соопшти МВР.

Б.К.(39) од Скопје беше уапсен на 11 октомври околу 16:50 часот. При преглед на неговата „шкода“ со скопски регистарски ознаки, полициските службеници пронашле пет лица од Авганистан и две од Египет.

Околу 18:30 часот полицијата пронашла уште двајца египетски државјани кои биле дел од истата група, но не влегле во возилото на местото викано Краварски пат.

Во рамките на постапувањето, на 12 октомври, пет минути по полноќ, беше уапсен и 17-годишникот од Египет, поради сомнение за криумчарење мигранти.

Мигрантите се сместени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија, додека скопјанецот и малолетникот се задржани во полициска станица. Од МВР најавија дека по документирањето на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?