Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот

Груби

Основниот кривичен суд Скопје го укина куќниот притвор на Артан Груби, второобвинет во предметот „Лотарија на Македонија“, поради истекување на законски дозволениот рок. Судот, сепак, го одби барањето на одбраната да му го врати пасошот, објави „Фокус“, повикувајќи се на информации од судот.

Обвинителниот предлог бил поднесен на 13 август 2026 година. Според судското појаснување што го пренесува медиумот, членот 470 од Законот за кривичната постапка предвидува дека притворот, односно куќниот притвор, по поднесен обвинителен предлог не може да трае подолго од 60 дена.

По истекот на тој рок, Кривичниот совет донел решение за укинување на мерката.

Куќниот притвор на Груби е заменет со ограничувања

На предлог на Основното јавно обвинителство, судот определи дополнителни мерки за претпазливост. Тие вклучуваат забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска повремено да се јавува во судот и забрана за приближување и контакти со одредени лица.

Одбраната побарала враќање на патната исправа со определување гаранција. Надлежното обвинителство дало негативно мислење, по што Кривичниот совет го одбил барањето.

Со тоа, пасошот останува одземен. Во сила е и забраната за издавање нов пасош или друг документ со кој обвинетиот би можел да ја премине државната граница.

Одлуките се донесени во рамките на предметот „Лотарија на Македонија“. Престанувањето на куќниот притвор, не ги укинува останатите судски ограничувања.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?