Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека НАТО не гледа непосредна закана за својата територија и дека нема докази дека Русија има намера да нападне која било членка на Алијансата.
За време на посетата на Талин, Руте ја пофали Естонија за издвојувањето на пет проценти од својот бруто домашен производ за одбрана и за поддршката на Украина, нагласувајќи дека земјата поставува стандарди за другите членки на НАТО, објави естонскиот јавен сервис.
Тој додаде дека руските хибридни напади нема да ги заплашат сојузниците.
Естонската премиерка Кристен Михал изјави дека членството на Украина во НАТО ќе претставува најсилна безбедносна гаранција за Естонија на долг рок.
