СВР Охрид известува дека во текот на првиот ден од функционирањето на системот системот за сообраќаен надзор „Безбеден град” односно на 12.10.2026 година, на подрачјата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар регистрирани се вкупно 148 сообраќајни прекршоци, од кои најголемиот дел се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина во и надвор од населено место, поминување на црвено светло на семафор, како и управување со нерегистрирани возила.
Во текот на вчерашниот ден (13.10.2026 година), заклучно со 19 часот, преку системот регистрирани се дополнителни 148 сообраќајни прекршоци.
„Сите регистрирани прекршоци се документирани, а до сопствениците на возилата со кои се сторени прекршоците се доставуваат известувања преку СМС-пораки на мобилните телефони и на електронските адреси.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Воедно, укажуваме дека системот „Безбеден град” има за цел да придонесе кон подигнување на сообраќајната култура, поголема дисциплина кај возачите и унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот“ наведуваат од СВР Охрид.

