СДСМ до Милошоски: Јазикот и идентитетот се заштитени, тоа го потврди и Фон дер Лајен

СДСМ реагираше на тврдењето на Антонио Милошоски дека претходната власт оставила отворена можност за ново бугарско вето, овојпат поврзано со македонскиот јазик во Европската Унија. Од партијата го отфрлија ваквиот став и се повикаа на пораките на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Според СДСМ, Фон дер Лајен на премиерот Христијан Мицкоски му порачала дека Европа ја очекува Македонија со нејзиниот идентитет и јазик.

„Како може да каже дека претседателката на Европската комисија лаже? Таа му кажа на Мицкоски в лице: Европа ве чека со вашиот идентитет и вашиот јазик“, наведоа од СДСМ.

Во соопштението партијата се повика и на изјави на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за заштитата на јазикот и идентитетот, како и на потпишувањето на договорот со Фронтекс на македонски јазик.

Од СДСМ ја обвинија власта дека со префрлање на одговорноста врз претходната влада се обидува да го оправда застојот на европскиот пат.

„Не можете да ја препишете вистината на претходната влада, па да ја обвините за тоа што самите го блокирате европскиот пат“, порачаа од партијата.

СДСМ упати критики и за реформската агенда, тврдејќи дека ветените рокови не се исполнети и дека земјата заостанува зад другите кандидати за членство во ЕУ.

Во завршницата на реакцијата, партијата повторно побара одговорност од власта, поврзувајќи го нејзиниот однос кон евроинтеграциите со, како што тврди, избегнување независна судска и обвинителска контрола.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?