Рускиот 30-годишен тенисер Данил Медведев се пласираше во полуфиналето АТП Мастерс турнирот од серијата 1000 во Шангај,.
Тој денеска во последното четвртфинале со 6-3, 1-6, 6-3 го совлада Американецот Томи Пол.
Медведев, кој е петти носител на Мастерсот во Шангај, ќе игра во полуфиналето против десет години помладиот Шпанец Рафаел Ходар, кој во четвртфиналето беше поуспешен од Норвежанецот Каспер Руд со 4-6, 6-4, 6-3.
Медведев има една победа во Шангај, освојувајќи го трофејот во 2019 година.
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Александар Зверев и Алехандро Давидович Фокина.
