Британскиот премиер: Нема да има втор референдум за независност на Шкотска

Prime Minister Andy Burnham leaves 10 Downing Street for his first PMQs. Picture by Ben Perry / No 10 Downing Street

Британскиот премиер, Енди Бернам, ја отфрли можноста за одржување втор референдум за независноста на Шкотска за време на неговиот премиерски мандат и рече дека е време политичката дебата да се фокусира на животниот стандард на граѓаните и конкретните решенија за нивните проблеми.

Телеграф пренесува дека ставот на Бернам за зачувувањето на Обединетото Кралство нема да се промени и дека сака политичката дискусија за прашањето на новиот референдум да ја префрли на областите каде што има простор за соработка.

На прашањето дали ја исклучува можноста за втор референдум за независноста на Шкотска за време на неговиот мандат, Бернам одговори дека верува во „сите форми на унија“.

„Мислам дека унијата на земјите е подобра затоа што во свет полн со предизвици можете да се соочите со проблеми со поголема самодоверба и сила ако соработувате и работите заедно“, рече британскиот премиер.

Тој изјави дека јасно му го соопштил својот став на шкотскиот премиер Џон Свини, но истакна дека Свини има поинакво мислење.

„Прифаќаме дека имаме различни ставови и работиме заедно на она за што можеме да се согласиме. Мојот став нема да се промени, но ајде да продолжиме таму каде што можеме да постигнеме одреден напредок“, рече Бернам.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?