Домашни вкусови, ракотворби и традиција викендов во ВЕРО Центар

Домашни специјалитети, традиционални ракотворби, дегустации и креативни работилници се дел од манифестацијата „Домашно со љубов“, која викендов се одржува во ВЕРО Центар во Скопје. Настанот започна вчера, а продолжува денеска и утре, од 10 до 16 часот, со програма наменета за сите генерации.

Манифестацијата е посветена на домашните производи, традиционалните вештини и зачувувањето на културното наследство, со посебен акцент на поврзувањето на повозрасните и помладите генерации.

Во програмата учествуваат и корисниците на Дневниот престој за стари лица за активно стареење при Црвениот крст на град Скопје, кои ќе одржат креативна работилница за изработка на предмети од глина и плетење.

Преку заеднички активности со децата, повозрасните учесници ќе ги пренесат своите знаења и искуства за традиционалните техники на рачна изработка, кои со генерации биле дел од секојдневието во македонските семејства.

За посетителите е организиран и базар со домашни производи и ракотворби, како и дегустации на традиционални специјалитети. Целта е на едно место да се претстават локалните вкусови, производи и вештини што се дел од македонската традиција.

Во манифестацијата учествуваат и повеќе компании и брендови, меѓу кои Жито Лукс, Мамас, Подравка, Алкалоид, Виталиа, Монтенегро и Бучен Козјак.

„Со ‘Домашно со љубов’ сакаме ВЕРО Центар да биде место каде традицијата не само што се памети, туку и се доживува и споделува. Домашните вкусови, рачните изработки и знаењата на повозрасните генерации се важен дел од нашето наследство“, велат од ВЕРО Центар.

Организаторите посочуваат дека посебна вредност на настанот е можноста децата непосредно да се запознаат со традиционалните занаети и вештини преку дружење со повозрасните учесници.

Манифестацијата „Домашно со љубов“ е отворена за сите посетители и продолжува денеска, 17 октомври, и утре, 18 октомври, од 10 до 16 часот во ВЕРО Центар.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?