Седум загинати во поплавите во Истанбул и Коџаели

Бројот на загинати во поплавите во Истанбул и соседната провинција Коџаели достигна најмалку седум, откако утрово беше пронајдено уште едно тело во Истанбул. Според најновото соопштение на истанбулските власти, во градот загинале шест лица, а потрагата по уште едно исчезнато лице продолжува. Во Коџаели претходно беше потврдена една жртва.

Телото на последната пронајдена жртва било откриено во близина на пристаништето Ајвансарај, во заливот Златен Рог. Станува збор за маж кој исчезнал во поплавите што го зафатија Истанбул на 14 октомври.

Обилните врнежи поплавија домови, продавници, улици и подвозници, а водата однесе и автомобили. Спасувачките екипи евакуираа заглавени жители, додека службите продолжија со расчистување на наносите и процена на штетите.

Новото невреме во саботата вечерта ги погоди истанбулската општина Пендик и Коџаели. Во Коџаели поројот однел автомобил, при што едно лице загинало, а друго било пријавено за исчезнато.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?