Две единици по ред ќе значат отказ за административците

Габер

Со новиот закон, административците со две единици, ќе бидат отпуштени. Административните службеници кои се вработени на сите нивоа во држвата а кои на интерните тестирања ќе добијат оценка еден, две години по ред, ќе бидат веднаш отпуштени.

Ова го предвидуваат измените на Законот за административни службеници што Собранието ги усвои по скратена постапка.

Се укинува и можноста за унапредување без објавен интерен оглас. Според предлагачите, со тоа треба да се обезбедат еднакви услови за напредување врз основа на заслугите. Правото на жалба се задржува, а се прецизираат и постапките за дисциплинска и материјална одговорност на службениците.

Измените го уредуваат и статусот на вработените во собраниската служба и во регулаторните тела, усогласувајќи го со другите категории посебни државни службеници. Примената на членот 80, кој предвидува парична награда за исклучителен ангажман, се одложува до 1 јануари 2028 година.

СДСМ не ги поддржа законските решенија. Координаторот на пратеничката група Оливер Спасовски предупреди дека одредбите за оценување, преместување и дисциплинска одговорност можат да се користат за политички притисок врз вработените. Тој оцени дека независноста на собраниската служба се доведува во прашање преку механизмите за нејзино дисциплинирање.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?