ЕУ: Граѓаните на Србија мора да гласаат без страв и насилство

Европската Унија изрази длабока загриженост поради пријавените насилни инциденти на повеќе избирачки места во Србија, каде што денес се одржуваат вонредни парламентарни избори.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Андреас фон Бекерат, порача дека на граѓаните мора да им се овозможи да го остварат своето демократско право на глас во мирна и безбедна средина.

„Ги повикуваме сите учесници да останат смирени, да постапуваат одговорно и да се воздржат од насилство и провокации, а надлежните институции да ја обезбедат сигурноста на сите што учествуваат во изборниот процес“, порача фон Бекерат.

Реакцијата од Брисел доаѓа откако во текот на изборниот ден до надлежните институции биле пријавени повеќе инциденти и изборни неправилности.

На денешните избори право на глас имаат 6.451.292 граѓани, а гласањето се спроведува на 8.392 избирачки места, вклучително и во странство.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?