Филипче обвини за криминална шема со струјата и броилата, Божиновска ја посочи како изведувач

Филипче

Трговијата со струја, броилата и купопродажните договори се дел од коруптивна шема преку која се извлекуваат пари од граѓаните, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче. На денешната прес-конференција тој го посочи бизнисменот Душан Адамовиќ како врска меѓу деловните и политичките интереси, а министерката за енергетика Сања Божиновска ја нарече локален изведувач на таа шема.

Филипче се осврна на врските со компанијата „Руднап“ и побара премиерот Христијан Мицкоски да објасни каква е неговата релација со Адамовиќ. Според лидерот на СДСМ, премиерот не одговорил на ова прашање и покрај фотографиите од нивните средби.

„Броилата, купопродажните договори и така натаму. Сè е тоа една голема коруптивна шема со којашто се крадат парите на граѓаните, се осиромашува Македонија, сè во интерес на бизнис-интересите на оваа власт“, изјави Филипче.

Тој ја поврза енергетиката со, како што оцени, поширока мрежа на политички и бизнис-интереси меѓу структурите на Александар Вучиќ и Мицкоски. Ја обвини власта дека ги става тие интереси пред потребите на граѓаните, а критиките ги прошири и на најавите за користење вода за дата-центри и земјиште за рудници, што ги нарече распродажба на националното богатство.

Филипче порача дека ќе бара одговорност и враќање на парите за кои тврди дека се украдени од Буџетот.

„Не само што ќе има одговорност, ќе вратат пари. Сите, до последен денар, коишто го украле од Буџетот, од иднината на децата и на граѓаните, да знаат дека ќе ги вратат“, рече тој.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?