Поранешниот гувернер на Народната банка на Србија, Дејан Шошкиќ, се е веројатно идниот премиер по победата на студентската листа. Економистот пред изборите најави лустрација, испитување на потеклото на имотот и промени во раководството на државните институции.
Шошкиќ во предизборниот период ги отфрли тврдењата дека е веќе определен за премиер. „Јас сум само кандидат за пратеник“, изјави тогаш, посочувајќи дека за составот на владата ќе се разговара по изборната победа, пренесува Телма.
Во интервју за неделникот „Време“, објавено на 15 октомври, тој најави закон за лустрација и проверка на имотот. Според него, обвинителството и судството треба независно да постапуваат, а раководните места во јавниот сектор да се пополнуваат преку транспарентни конкурси, со избор од стручни комисии.
Шошкиќ ја отфрли и тезата дека смената на власта ќе предизвика економски потрес. Оцени дека стопанството, наплатата на даноците и исплатата на платите и пензиите можат редовно да продолжат. Опасноста за јавните финансии, според него, доаѓа од прескапите и нетранспарентни проекти, меѓу кои ги наведе ЕКСПО и изградбата на стадиони.
Шошкиќ е професор на Економскиот факултет во Белград.

