Дејан Бодирога, славниот српски кошаркар и претседател на Евролигата, поднесе оставка од пратеничката функција во Собранието на Србија. Бодирога беше избран за пратеник од Студентската листа, а надлежната собраниска комисија ќе ја разгледа неговата оставка во понеделник, на 30 ноември.
Студентското движење ја потврди оставката и соопшти дека Бодирога поради бројните обврски не може да ѝ се посвети на пратеничката работа. Бодирога изјави дека за тоа ги известил студентите уште кога ја прифатил кандидатурата.
Името на Бодирога претходно се споменуваше во српската јавност како можен кандидат на Студентската листа за претседател на Србија. Листата го избра академикот Радомир Саичиќ, а тој по оставката порача дека останува со Студентското движење и дека активно ќе се вклучи во кампањата на Саичиќ.
