Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кешот е крал – како руската агресија против Украина влијае врз нелегалните финансиски текови на Балканот

Глобалната Иницијатива против Транснационалниот Организиран Криминал (ГИ-ТОК) објави нова студија поврзанa со влијанието на руската агресија против Украина врз нелегалните финансики текови на Западен Балкан насловена како “Кешот е крал”.

Новиот извештај објавен денеска, предупредува дека слабото владеење на правото, организираниот криминал и големата „сива“ економија во земјите од Западен Балкан – и војната во Украина – им овозможиле на руските незаконски финансиски текови (НФФ), да се прошират низ регионот и да се извршат негативно влијание врз клучните процеси на донесување одлуки во регионот.

Истражувачката Вања Петрова во публикацијата информира дека стратегиската географска положба на Балканот, делува како порта меѓу Азија и Западна Европа, а заедно со екосистемот на заробени држави, институционалните слабости, организираниот криминал и неконтролираната сива економија, го прават регионот особено подложен на Нелегални финансиски Текови (НФТ).

„Овој факт активно беше искористен од големите играчи како Русија, Кина и ОАЕ за да влијаат врз донесувањето одлуки на клучните пазари и институции“, додава Петрова.

Кремљ постојано ја искористи својата интеграција во западниот финансиски систем за да ги искористи празнините во управувањето преку корозивниот ефект на незаконското финансирање. Оваа опасност доби нови и потенцијално поголеми димензии со почетокот на руската војна во Украина“, вели таа.
Заедничкиот извештај на GI-TOC и CSD проценува дека глобалните НФТ вредат околу 1-1,6 трилиони американски долари годишно, што претставува 3-5 отсто од светскиот бруто домашен производ, БДП.

Во публикацијата се наведува дека откако Русија ја нападна Украина во февруари минатата година, беа воведени многу санкции, вклучително и замрзнување од страна на земјите од Г7 на руските резерви во вредност од околу 315 милијарди американски долари кои се чуваат во Централната банка на Русија.

Заедничкиот извештај на GI-TOC и CSD ги испитува новите трендови поврзани со нелегалните финансиски текови и влијанието на војната во Украина. Со оглед на стратешката локација на регионот меѓу Истокот и Западот и неговата близина до конфликтот, студијата ја нагласува ранливоста на Југоисточна Европа од влијанието на случувањата врз Македонската но и регионална економија.

Русите избегнуваат санкции преку Западен Балкан „со нивната комбинација на државно и медиумско заробување, тлеење етнички поделби, бавно темпо на пристапување во ЕУ и наследството на руската когнитивна пристрасност“.

Според извештајот, од 2014 година, Босна, Бугарија и Србија не ги следат санкциите на ЕУ против Русија, додека и Северна Македонија и Црна Гора обезбедија таканаречено државјанство за инвестирање на руските граѓани, и покрај критиките од ЕУ.

Албанија сè уште не ја применува програмата за „фискална амнестија“ која ќе му овозможи на секој албански или странски државјанин да депонира до 2 милиони евра непријавени пари во банкарскиот систем, но не ја отфрлила ниту идејата.

Шверцот на луѓе, оружје и готовина ги олесни нелегалните активности од почетокот на војната во Украина. Шверцуваните пари главно се сокриени во автомобили или скриени меѓу легитимни производи во транспортни камиони или контејнери за транспорт.

Извор: ЦивилМедиа

Најново